Дефинитивно големо достигнување за електрично возило, но со проблеми кои што не се занемарливи

Ако барате модел на Tesla со најмногу поминати километри, ќе го најдете во Европа. Станува збор за примерок стар пет години кој досега поминал дури милион километри. Сопственикот не сака да застане тука, туку има намера да сруши уште еден рекорд – еден милион милји или околу 1.609 милиони километри, и тоа на американско тло.

Сопственикот Хансјорг Геминген купил Tesla Model S P85 уште во 2014 година во Штутгарт, а со цел надополнување на личниот возен парк во кој има уште една Tesla – Roadster. Големото достигнување e скромно прославено, во кругот на приврзаници на Tesla, како и претставници на Гинисовата книга на рекорди кои морале да го потврдат овој успех.


Сепак, во потрага по првите милион километри, овој модел на Tesla не поминал без проблеми. Батериите се менувани на секои 290.000 км, а потрошени биле три електрични мотори, како и системот за полнење, пишува Edison Media. Она што е вашно е дека сите овие промени се покриени со гаранција. Последниот инсталиран електричен мотор досега поминал над 600.000 километри.

Според зборовите на Геминген за да може батеријата да трае што е можно подолго, никогаш не ја празнел целосно, па дури и не ја полнел повеќе од 85% од нејзиниот капацитет. Исто така, ретко кога возел побрзо од 120 km/h.

Loading...