Првиот човек на Mercedes, Тото Волф, верува дека шансите актуелниот Formula 1 шампион да го промени тимот на крајот од следната сезона се само 25%

Луис Хамилтон во моментов има важечки договор со Mercedes до крајот на 2020 година, па се очекува Британецот наскоро да започне разговори за својата иднина, доколку веќе и не започнале. Тото Волф верува дека сè уште може да го задржат возачот кој во тимот е од 2013 година.

„Ако мене ме прашувате, шансите тој да остане со нас се 75%“, вели Волф за BBC. „Ја давам оваа бројка затоа што реално мислам дека е правилна проценка на нештата од обете страни. Сепак, тука се и оние 25% кои не се во наша контрола. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во текот на следните неколку месеци. Разговаравме многу отворено за Ferrari и за она што тие го претставуваат како бренд. Од друга страна, сè додека успеваме да произведуваме брзи болиди и силен мотор, ќе можеме да одлучуваме кој ќе ги вози. Нема сомнение дека Луис е приоритет, но најважно е тоа што болидот е најдобар“.

Loading...