Познатиот Нирбургринг, кој често е отворен за јавноста, е главно место за собирање на вљубениците во брзо возење, а кои сакаат да се пробаат на тркачка патека

На патеката може да дојде секој со својот автомобил и да направи круг, но многумина забораваат дека законите на физиката за обични патишта не важат и на ваква патека.

Нирбургринг дефинитивно е патека која бара многу искуство и знаење, особено кога врне дожд и асфалтот станува влажен.

Во такви услови, дури и најискусните возачи може да имаат проблеми, а секоја грешка скапо се плаќа.

Не се препорачува за аматери, особено ако тие имаат проблем да ја надоместат штетата која ќе ја предизвикаат на патеката.

Loading...