Шпекулациите дека групацијата Volkswagen ќе влезе во Formula 1 се шират повеќе од една деценија, а во последните неколку месеци добија на интензитет. Колку во сето тоа има вистина, тоа ќе покаже времето пред нас

Според тие шпекулации, Audi треба да го преземе F1 тимот на McLaren, а една публикација отиде дотаму што сето ова го класифицираше како завршена работа. McLaren негираше дека имало и ќе има каква било промена во нивната сопственичка структура, иако се додава дека компанијата отсекогаш била вклучена во разговори со „релевантни партнери и добавувачи, вклучително и други производители на автомобили“.

Car Magazine сега вели дека зделката е толку добра колку што е и направена. Покрај тоа што Audi влегува во Formula 1 преку откуп на Mclaren, Porsche наводно подготвува договор за партнерство со F1 тимот на Red Bull откако ќе заврши консултантството од страна на Honda. Во написот се сугерира дека едното сценарио е двата тима, Audi/McLaren и Porsche/Red Bull, потоа да се здружат за да имаат подобра позиција во борбата со Ferrari и Mercedes. Според второто сценарио, овие два производители имаат и други тимови како „резервна“ опции односно Audi во Williams и Porsche во Alpha Tauri или Haas.

И Audi и Porsche претходно покажаа интерес за Formula 1. Привлечноста за германските марки е поттикната од чекорот на Formula кон одржливи горива, додека поедноставувањето на погонските единици ќе биде уште еден важен аспект.

Претходните извештаи сугерираа дека одделот за патнички автомобили ќе оди по патот кон Баварија, што практично ќе ја подели британската компанија меѓу VW и BMW, на сличен начин како Bentley и Rolls Royce. Сепак, последниот извештај на Car Magazine сугерира дека, и покрај состанокот со главните акционери на McLaren, бахреинската компанија Mumtalakat Holding, разговорите поминале во „ладна“ атмосфера. BMW, исто така, ја демантираше информацијата дека може да го купи британскиот производител на спортски автомобили.

Во меѓувреме, се вели дека Mumtalakat Holding сепак сака да се ослободи од производителот на автомобили кој прави загуби. И покрај позитивниот почеток на 2021 година, со кој компанијата ги удвои приходите во првата половина од годината, McLaren е во тешка финансиска состојба. Продажбата опадна за 64 отсто, а мерките за одржување на компанијата опфатија 830 отпуштања, продажба и давање под закуп на нејзиното седиште и издавање нови акции во вредност од 550 милиони фунти (747 милиони долари).

Ако Audi ја преземе целата група, која ги вклучува и одделот за патнички автомобили и Formula 1 тимот, проценети на 1 милијарда фунти (1,36 милијарди долари), потенцијално ќе создаде прилично голема алијанса за спортски автомобили, заедно со Lamborghini, McLaren, Porsche, Rimac и Buggati, со голем синергиски потенцијал.