Шеста по ред пол позиција за Луис Хамилтон на Австралиското ГП!
Првите квалификациии во новата сезона од Formula 1 се завршени, а најмногу причина да славење имаат во тимот на Mercedes
Првата стартна позиција за утрешната трка за Големата награда на Австралија ја обезбеди Луис Хамилтон, а друштво во првиот ред ќе му прави неговиот тимски колега Валтери Ботас.
Ferrari не беше дури ни близу до најавената доминација. Себастијан Фетел ќе стартува од третата позиција, додека Шарл Леклерк од петтата. Меѓу нив е Макс Верстапен од Red Bull Honda.
Разочарување за Пјер Гасли од Red Bull, кој квалификациите ги заврши уште во Q1 и утрешната трка ќе ја започне од 17-та позиција. Негативно изненадување се и болидите на Renault бидејќи и Хулкенберг и Рикардо не успеаја да влезат во Q3.