Шест урбани EV модели на тест за автономија. Кој има најголем досег со едно полнење? / ВИДЕО
Оваа година на пазарот се појавија неколку интересни електрични новитети кои ќе се обидат да ги поматат сметките на европскиот бестселер, Renault Zoe.
Renault Zoe неодамна беше надграден со инсталирање на нов мотор, поголема батерија и технолошки понапреден менаџмент. Од добро познатиот CarWow, одлучиле да го соочат со уште пет електрични урбани новитети и сите заедно да ги возат сè додека не останат без последниот ват енергија.
Мет Вотсон собрал навистина „интересно друштво“ во кое се технолошките близнаци, Peugeot e-208 и Opel Corsa, безвременскиот електричен VW up!, Mini Electric и исклучително интересната Honda E. За жал, Honda прва испаднала од игра и тоа по само 182 км.
Ако планирате да купите електричен автомобил, ова видео може да биде корисно за вас.