По најавата за хибриден погон во понудата за Mustang и F-150, Ford откри дека секој нов SUV во навната гама ќе ја има оваа погонска опција

Планот за хибридизација ќе заживее во следните неколку години и ќе има огромно влијание врз линијата на модели на Ford, сега кога американскиот гигант се откажа од развојот на седани.

Ford не открива детали, но компанијата претходно најави лансирање на 40 електрифицирани модели на глобално ниво до 2022 година.

Ова вклучува и 16 модели на исклучиво електричен погон, меѓу кои ќе биде и нов SUV базиран на Focus, а инспириран од Mustang, најавен за 2020 година.

Додека кај повеќето електрифицирани автомобили фокусот е на ефикасноста, приодот на Ford кон овој сегмент е да ги подобри перформансите, можностите и удобноста.

Како пример, хибридната верзија на популарниот камионет F-150 ќе има електричен генератор кој ќе може да се користи за напојување на алат.