Samsung го претстави најновиот член на семејството Galaxy, J6

Galaxy J6 комбинира Super AMOLED бескраен екран, кој се потпира на Samsung дизајнерската традиција на врвни телефони со дополнителни практични функции, како што е скенерот за отпечаток од прст на задниот дел од уредот, што го прави најмодерниот и најпрактичен член на серијата Galaxy Ј.

Новиот Galaxy Ј6 има Super AMOLED екран со дијагонала од 5,6 инчи со висока резолуција и живописни бои, што е заштитен знак на Galaxy паметните телефони. Бесконечниот екран ви дава искуство на гледање како во кино.

Дизајниран да служи на корисниците кои водат динамичен живот, Galaxy Ј6 овозможува отклучување на уредот со помош на скенер на отпечаток од прст без претходно „будење“ на уредот, а за континуирано работење во текот на денот батеријата е со капацитет од 3000 mAh.

„Срцето“ на уредот е осум јадрен процесор на 1.6 GHz, кој овозможува извршување на повеќе напредни задачи, како што се гледање видео со висока резолуција, а за дополнителна флексибилност тука се RAM меморијата од 3 GB, 32 GB внатрешна меморија, како и влезот за microSD мемориска картичка.

Прилагодливата камера на Galaxy J6 им овозможува на корисниците да снимаат одлични фотографии или автопортрети без разлика каде се или што прават. Уредот има предна и задна камера од 13 МР односно 8 МР и интегрира моќен selfie фокус во реално време и преден LED блиц, што значи дека корисниците можат да фатат јасни автопортрети и дење и ноќе, без оглед на осветлувањето.