Германскиот премиум производител BMW објави интересно едукативно видео за правилна употреба на менувачот со двојна спојка (DCT)

BWM укажува дека DCT е комбинација на најдоброто од двата „спротивставени“ света, автоматки и мануален пренос.

DCT во основа е базиран на мануелната трансмисија, па нема конвертор на вртежниот момент, така што кога ќе ја ослободите сопирачката, автомобилот нема да почне да се движи.

Треба постепено да се забрзува како кај обичната мануелна трансмисија, со лесно додавање на гас, а со еден допир се активира „ Low Speed Assistant“, кој, кога ќе се вклучи, ако ја тргнете ногата од педалата за гас и не притискате на сопирачката, возилото ќе продолжи да се движи со 4-5 km/h.

Сопствениците на BMW M возила сигурно забележале дека во нивниот автомобил ја нема паркинг опцијата на менувачот. Производителот истакнува дека тие сакале преносот да биде што поблизок до рачниот пренос.

Како тогаш автомобилот се обезбедува кога е паркиран? Едноставно се уфрлува во брзина (D) и се исклучува моторот. Менувачот автоматски ќе се префрли во паркинг статус.