Самрак за бензинците и дизелите: Hyundai престанува со производство на половина од моторите со внатрешно согорување!
Компанијата, под чија капа се Hyundai, Kia и Genesis, се надева дека ќе продава по еден милион електрични возила годишно до 2025 година
Групацијата Hyundai Motor тивко се подготвува за следната автомобилска еволуција, а тоа се електричните возила. Директорите на производителите од Јужна Кореја во март го одобрија планот за намалување на бројот на модели на мотори со внатрешно согорување односно бројот на достапни мотори ќе биде преполовен. Изворите на информацијата не даваат временски распоред кога ќе се случи тоа, иако производителот на автомобили, наводно, ќе ја заврши својата стратегија за електрични возила во следните шест месеци.
Овој потег е дизајниран да ослободи ресурси за истражување и развој кои ќе бидат пренасочени кон електричните мотори, батерии и горивни ќелии. Компанијата, која ги надгледува Hyundai, Kia и Genesis, се надева дека ќе продава еден милион електрични возила годишно до 2025 година, а до 2040 година и целосно електричен производител.