Актуелниот шампион, Макс Верстапен, доминантно ја освои Големата награда на Емилија Ромања, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Formula 1.

Возачот на Red Bull на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ја забележа втората сезонска победа, 22-ра во кариерата, а со второто место на тимскиот колега Серхио Перез, Red Bull стигна до првата еден-два победа во 2022 година. На двоецот на Red Bull на подиумот им се придружи Ландо Норис во McLaren, кој ја искористи грешката на Леклер во последните кругови од трката.

Покрај убедливото издание на бранителот на титулата, трката во Имола ја одбележа и колапсот на Ferrari, бидејќи Карлос Саинц без пласман остана уште по првиот круг по контактот со Даниел Рикиардо во McLaren, а Шарл Леклер го зазеде шестото место по извртувањето на патеката кога веќе имаше место на подиумот.

Верстапен беше недопирлив од почеток до крај, додека Перез во променливи услови на одличен начин успеа да го надмудри Леклер. Монаќанецот долго време беше трет вршејќи притисок врз Перез, но во самиот финиш ја направи најголемата грешка во сезоната и се сврте на патеката. Возачот на Ferrari мораше повторно во боксот, а кога се врати на патеката не можеше подобро од шестата позиција.

Од грешката на Леклерк најмногу профитираше Норис, кој на стартот го престигна Монаќанецот, но оттогаш возеше осамена трка на четвртото место. Возачот на Mercedes, Џорџ Расел, целта ја мина како четврти успевајќи да се одбрани од нападите на Валтери Ботас во Alfa Romeo во последните кругови. Во бодови се пласираа и Јуки Цунода (Alfa Tauri), Себастијан Фетел (Aston Martin), Кевин Магнусен (Haas) и Ленс Строл (Aston Martin). 

Трката покрај Саинц не ја заврши ниту Фернандо Алонсо кој го паркираше неговиот болид во гаражата поради сериозната штета по контактот со Мик Шумахер.

На крајот и за Луис Хамилтон. Германецот ја имаше една од најлошите трки во последните години, која ја заврши на 13-то место. Седумкратниот светски шампион беше заглавен зад Пјер Гасли во поголемиот дел од трката, а по две третини беше претекнат од Верстапен за цел круг.

Како и да е, шампионатот станува се поинтересен. Водечкиот Леклер ја задржа првата позиција во генералниот пласман, но неговата предност сега е намалена о исходот во Имола. Во генералниот пласман Леклер има 86 бодови, Верстапен е втор со 59, а Перез трет со 54 бодови.

Овогодинешниот шампионат во Formula 1 продолжува на 8 мај со првата трка за Големата награда на Мајами.

2022 Emilia Romagna Grand Prix / Резултати

2022 Emilia Romagna Grand Prix / Реакции по трката

Макс Верстапен

„Не е лесно да се постигне ваков резултат, но во саботата и петокот видовме дека можеме да имаме добар викенд. Денешниот ден беше непредвидлив со временските услови, но направивме се како што треба како тим и 1-2 е одличен резултат. Почетокот беше важен, но и после тоа беше важно да се проценат условите и да не се греши. Не е лесно да се проценат условите на патеката кога сте први, но успеавме да го задржиме темпото и да останеме смирени“, изјави Верстпен.

Серхио Перез

„Имав интензивна борба со Чарлс во добар дел од трката. Тогаш во еден момент се беше под контрола, но потоа почнаа да не бркаат со уште еден пит стоп. Повторно се водеше битка со загревањето на гумите, а најважно беше да не се греши. Ова е одличен резултат за тимот. Немавме среќа на неколку трки и мило ми е што сега ги гледам насмевките на сите во тимот“, изјави Перез.

Ландо Норис

„Ова е секако изненадување и целиот викенд беше добар. Тимот го заслужи ова. Бевме навистина лоши на почетокот, а сега во четвртата трка стигнавме до подиумот и многу му благодариме на тимот за се. Во фабриката и на патеката се вложи многу труд. Викендов имавме променливо време и успеавме да ги искористиме нашите шанси“, изјави Норис.

Чарлс Леклерк

„Многу сум разочаран од себе. Претерав. Постоеше шанса против Перез во тој круг и сакав да дадам се од себе. И дадов се, па дури и премногу, па завршив во заштитниот ѕид. Изгубивме седум важни бодоби и се ова дене е моја вина и ја преземам одговорноста. Red Bull беше подобар овој виденд и тоа ќе мора да го анализираме, Третата позиција беше максимум, но јас не успеав да ја задржам“, изјави Леклер,