Францускиот автомобилски гигант Renault преку „таинствена“ фотографија од предна маска најави нов кросовер модел кој наликува на Captur

Новиот кросовер на Renault светлоста на денот треба да ја види на Московскиот саем за автомобили оваа есен, што е логично, бидејќи Renault објави дека новиот модел најпрвин ќе се најде на рускиот пазар.

Иако е тешко да се види како изгледа, врз основа на само една слика, се очекува дека новиот модел ќе има купе линија, како BMW X4, но, секако, по значително поприфатлива цена.

Евтините кросовери се доста популарни во Русија, па така најпродаваниот автомобил во класата е Dacia Duster, со 17.294 примероци во првите пет месеци од 2018 година.