Американскиот производител на мотори Harley-Davidson, соочен со зголемување на трошоците поради новите европски тарифи, најави дека ќе го префрли производството на мотори, наменети за европскиот пазар, од САД во странство

Целта на преселбата на производството во прекуокеанските фабрики е да се избегнат царинските бариери на ЕУ, пренесува агенцијата АР.

Европската тарифи за увоз на делови од САД се зголемени од 6 на 31 отсто, велат од компанијата, и додаваат дека поради тоа нема да ги зголемат нивните цени, иако врз основа на овие тарифи би требало да „скокнат“ за 2.200 $, бидејќи тоа би можело да да има „трајни штетни последици по работењето на компанијата во регионот“.

Овие тарифи, како што е соопштено, Harley-Davidson ќе го чинат 30 до 45 милиони долари во останатиот дел од тековната година, додека на годишно ниво овој трошок би можел да достигне 90-100 милиони долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп нормално го критикува Harley-Davidson за оваа одлука.

„Изненадувачки е што Harley-Davidson, од сите компании, ќе биде прв кој ќе подигне бело знаме Тешко се борев за нив и, на крајот на краиштата, тие не плаќаат тарифи за продажба во ЕУ Надоместоците се само изговор за Harley-Davidson – бидете трпеливи“ , напиша Трамп на Twitter.

Harley-Davidson, веројатно најпознатиот производител на мотори во светот, постои од 1903 година, и има три фабрики – во Висконсин, Мисури и Пенсилванија.

Компанијата е една од ретките што ja преживеа „Големата депресија“, економската криза од 20-тите и 30-тите години на минатиот век, голем број на договори за сопственост, потчинети договори, лоша финансиска состојба и слаб квалитет на производи, како и глобалната конкуренција.