Француската марка сè уште ја држи водечката позиција кога станува збор за бројот на продадени електрични автомобили во Европа

Заклучно со јули, на Стариот континент се продадени 230.700 електрични автомобили, што е раст од 131% во однос на истиот период минатата година. Во јули, во Европа се купени 53.200 возила со нулта емисија. Фактот дека се продадени 23.400 вакви возила во седмиот месец од минатата година покажува колку расте побарувачката за EV модели.

Renault Zoe е убедливо најпродаваниот електричен автомобил во јули во Европа стигнувајќи до 9.280 нови сопственици (+ 146%). Следува електричната варијанта на моделот Hyundai Kona со испорачани 4.405 примероци (+ 111%), додека е-Golf на Volkswagen е на третото место со продадени 4.094 единици.

Уште поголем раст на продажбата на електрични автомобили се очекува во наредните месеци, бидејќи неколку европски земји ќе воведат уште поголеми субвенции за набавка на вакви возила, a наскоро доаѓаат и многу нови модели, па борбата дефинитивно ќе се засили.

Иако беа убедливи во Европа на почетокот на годината, автомобилите на Tesla доживеаја голем пад на продажбата, односно испораките. Ова исто така може да се припише на затворањето на фабриката на Тесла поради епидемијата на корона, и можеби тоа е само дел од деловната активност на американската марка, која често доставува возила „во налети“ или спонтано поради ограничените производствени капацитети. Тesla во јули продала само 1.050 автомобили во Европа, а продажбата паднала за дури 76%.

Електричните модели не се единствените возила со батерии што бележат раст на продажбата. Исто е и со plug-in хибридите, кои очигледно заземаат се повисока позиција на Стариот континент. Овој тип на хибриди индексирале неверојатен раст на продажбата во јули од дури 365% во споредба со истиот месец лани.