ЕУ постави амбициозни цели во врска со флотната емисија на штетни гасови, но SUV моделите кои трошат повеќе гориво поради нивната големина, а со тоа и испуштаат повеќе гасови, загрозуваат одредени брендови

Не е лесно да се биде на чело на автомобилските компании во Европа. Потребно е да се најде патот до успехот преку лавиринтот на европските регулативи, а во исто време да се следат желбите на потрошувачите. SUV трендот не забавува, а со овие возила доаѓа и поголема стапка на профитабилност, бидејќи производителите „на големо“ ја наплатуваат желбата на клиентите да се возат во популарен автомобил со зголемен клиренс.

Во последните пет години, сме сведоци на големо зголемување на побарувачката за SUV модели на Стариот континент, така што овие возила сочинуваат 38% од сите продадени автомобили во Европа во 2019 година, што е драстично зголемување во споредба со 2014 година кога имале учество помало од 25% , пренесува JatoDynamics.

Според JatoDynamics, SUV моделите во претходната година имале просечна емисија од 131,5 g/km CO2, што е далеку од потребните 95 g/km што ги бара Европската комисија. Истражувањето спроведено од JatoDynamics укажува на тоа дека спортските автомобили имале најголема просечна емисија на штетни гасови – 196,1 g/km, следени од големите лимузини со 155,4 g/km и комерцијалните возила со 131,5 g / km.

SUV моделите се на четвртото место, но треба да се има предвид дека претходно споменатите три категории имаат учество од само 4,5% на европскиот пазар минатата година.

Решението може да биде помали кросовери, односно помали SUV модели

Диверзификацијата на SUV сегментот донесе голем број нови помали возила, претежно од B сегментот. Така, овие добиваат голема популарност на Стариот континент, бидејќи со своите компактни димензии, тие лесно наоѓаат место во експлоатацијата во урбани услови.

Но, кросоверите и помалите SUV модели придонесуваат и за помала емисија на штетни гасови. Тие се првенствено помали по големина, имаат помала маса и во повеќето случаи имаат само погон на предните тркала. Сето ова доведува до помала потрошувачка на гориво во споредба со поголемите роднини, и затоа емисијата на гасови е на пониско ниво.

Така, според Jato Dynamics, просечната емисија на штетни гасови за малите SUV модели во 2019 година е 122,7 g/km, што е далеку помала од просечната за оваа класа. Она што треба да се потенцира е дека ваквите модели се практично идеални за електрификација и трансфер кон EV технологија, бидејќи поради нивната висина, тие можат лесно да ги складираат батериите без значително нарушување на просторот во внатрешноста на возилото.

Затоа, во наредниот период ќе има поголем број електрични кросовери од Б сегментот, што дополнително треба да ја намали просечната емисија на штетни гасови во оваа класа.