Range Rover Sport PHEV на пат кон „Небеската порта“ / ВИДЕО
Иако SUV возилата треба да бидат класа на автомобили кои лесно се справуваат со тешки терени, во реалноста ретко кој модел е целосно употреблив надвор од асфалтот и градските услови
Сепак, откако постои, Range Rover секогаш бил синоним за освојување на тешки терени и тој епитет го задржал до ден-денес.
Британскиот гигант ги покажа способностите на хибридниот Range Rover Sport PHEV на место кое се чини дека е недостапно за секое возило. Но не и за Range Rover.
Моделот Sport PHEV искачил 999 скали до Небеската врата на планината Тјананмен во Кина, кои се агол од 45 степени, откако претходно совладал 99 тешки кривини на 11 километри долгиот „Пат на змејот“.
Автомобилот го управува поранешниот шампион од 24 часа Ле Ман, Хо-пин Тунг, возачот на Jaguar во Formula Е.
Range Rover Sport PHEV има комбинација на бензински и електричen мотор кои испорачуваат 400 КС и 640 Nm вртежен момент на сите четири тркала. Од mesto до 100 km/h забрзува за 6,3 секунди.