Автомобил на годината во Македонија 2018 e Dacia Duster

0

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава се организира по 23. пат и е најстарата манифестација од ваков тип во Македонија

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно (Правилникот за работа) и критериумите на изборот, се одредени десет (10) финалисти кои годинава конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2018“.

Листа на финалисти:

Suzuki Swift
Seat Ibiza
BMW X3
Ford Fiesta
Opel Insignia
Kia Stinger
Nissan Micra
Citroen C3 Aircross
Kia Stonic
Dacia Duster

Годинава право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што доби најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито.

По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на Dacia Duster.

Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:

– адекватност и понуда на домашниот пазар
– економичност и еколошка прифатливост
– безбедност и примена на технолошки достигнувања
– возни својства
– дизајн
– комфор и опременост

Иако конкуренцијата беше исклучително конкурентна, категоријата, адекватност и понуда на домашниот пазар, Dacia Duster ја направи решавачката предност.

Ова возило доби 3 гласови од жирито, кои поединечно ги дадоа гласовите за овие модели.

Горан Антевски – Dacia Duster
Владимир Ристовиќ – Ford Fiesta
Љупчо Михајловски – Dacia Duster
Агрон Сулејман – Dacia Duster
Глас од финалистите – Opel Insignia

Признание „Томислав Билјарац“

Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија реши од оваа година да воведе и признание „Томислав Билјарац“, што во иднина традиционално ќе се доделува, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство и прв претседател на македонското жири за Избор за автомобил на годината. Наградата ќе се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.

Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Билјарац“ да му биде доделена на Владо Воиновски од Еуроимпекс.

Досегашни победници во изборот за
„Автомобил на годината во Македонија“

1996 Fiat Bravo/Brava
1997 Renault Megane
1998 Opel Astra 1998
1999 Skoda Octavia
2000 Fiat Punto
2001 Seat Leon
2002 Toyota Corolla
2003 Mazda 6
2004 Mazda 3
2005 Seat Altea
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35
2012 Кia Rio
2013 Seat Leon
2014 Skoda Octavia
2015 Ford Mondeo
2016 Skoda Superb
2017 Kia Sportage
2018 Dacia Duster

Извор: Национално жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »