Во заедничката постројка со Toyota во Чешка, ќе се произведува само Aygo

Групацијата PSA го продаде својот удел во своето заедничко вложување со Toyota за производство на субкомпактни градски автомобили во Чешка претходно оваа година, за сега, францускиот производител целосно да го запре производството на моделите Peugeot 108 и Citroen C1, кои се склопуваа во фабриката во Колин, заедно со Toyota Aygo.

Според три различни извори, Французите имаат намера да стават крај на производството на мини-автомобили од А-сегментот. Или барем оние со конвенционални мотори со внатрешно согорување. Според Reuters, одлуката е донесена врз основа на фактот дека субкомпактниот сегмент станува се понеисплатлив и компанијата сака да се ослободи од понудата во него пред целосно да се комплетира спојувањето со Fiat Chrysler Automobiles.

PSA досега одбиваше да ја коментира иднината на двата градски автомобили, велејќи дека компанијата истражува кои производи можат најдобро да ги исполнат очекувањата на клиентите во овој сегмент, но и да се во согласност со новите цели на Европската унија за намалување на нивото на јаглерод диоксид.

Справувањето со новата економија не е проблем само за PSA. Општо, сите производители на автомобили го преразгледуваат производството на мотори со внатрешно согорување, за кои се потребни поскапи системи за прочистување со цел да се исполнат сè построгите барања за емисија на штетни гасови. Проблемот е особено голем за најмалите автомобили, во кои воведувањето на такви технологии го прави производството толку скапо што тие често се продаваат без профит, па дури и со загуба.

Договорот со FCA може да ги зголеми опциите за PSA во сегментот. Во моментов, американско-италијанската компанија не е подготвена да го напушти најмалиот автомобилски сегмент и да се прилагоди на новите реалности. Неодамнешен пример е присуството на Fiat 500 во целосно електрична верзија – нешто што може да им се случи (евентуално) и на наследниците на 108 и C1.

 Според анонимен извор од FCA, субкомпактниот А-сегмент нема да биде напуштен дури и по очекуваното спојување со PSA на почетокот од следната година.