Виновникот побегнал од местото на несреќата, но ги заборавил своите документи

Една од најскапите несреќи во последно време се случи во близина на Бирмингем, откако Rolls-Royce Ghost од 275.000 евра удрил во Lamborghini Urus од 220.000 евра. Сторителот на несреќата избегал од местото на настанот, но ги заборавил своите документи во автомобилот, па прашање на време е кога ќе биде пронајден.

Фотографијата од од „искршените“ се појави на Twitter. Истата покажува дека предниот дел и десниот дел од предницата на британската лимузина се сериозно оштетени, додека штетата на кросоверот е на задниот браник. Штетата од несреќата допрва ќе се пресметува, а добрата работа во овој случај е што нема повредени лица.

Според една верзија, овој Rolls-Royce Ghost бил изнајмен што го објаснува бегството на неговиот возач, чијашто возачка дозвола сепак останала во автомобилот. Можно е да станува збор за намерна несреќа со цел да се добијат пари од осигурувањето, а доказ за тоа е и фактот дека станува збор за два многу скапи автомобили.