Peugeot, Citroën, Opel, Vauxhall и DS самостојно можат да изберат кој од моделите да биде електричен

Групацијата PSA, која има можност да нуди семејни автомобили од Ц-сегментот во форма на plug-in хибриди, хибриди или електрични, им дава целосна слобода на поединечните брендови да одлучат кое е најдоброто решение, вели првиот човек на одделот за ниски емисии Ан-Лиз Ричард.

„Ц-сегментот е навистина во центарот на пазарот“, вели Ричард. „Може да има многу можности: понекогаш тоа е единствениот автомобил (во домаќинството), понекогаш не е. Во моментов, и EV и хибридите се погодни (за сегментот) и можат да најдат клиенти“.

До денес, новите градски автомобили на PSA, како што се DS 3 Crossback, Peugeot 208 и Opel (Vauxhall) Corsa, нудат електрична опција. Поголемите модели се достапни со хибриден погон – на пример, DS 7 Crossback, Peugeot 3008 и Opel (Vauxhall) Grandland X. Автомобилите што спаѓаат во овие два сектори, како што е следниот Peugeot 308, имаат помалку јасно дефинирана стратегија.

„Во рамките на PSA, автомобилите од сегментот Ц можат да се произведуваат на две платформи – eCMP или EMP2, така што брендовите можат да изберат да станат целосно електрични или plug-in хибриди. Одлуката е на брендот да избере кој е подобро решение“, вели Ан-Лиз Ричард

Peugeot се фокусира на 308 PHEV, а Citroën C4 станува електричен

Познато е дека следната генерација на Peugeot 308 ќе се појави во 2022 година и ќе биде заснована на ажурирана верзија на тековната платформа EMP2. Конкурентниот Ford Focus ќе понуди две хибридни опции – економичен модел со преден погон и поскапа модификација со погон на четири тркала со 300 КС или повеќе.

Сепак, Citroën ќе понуди нов електричен модел (иако ќе продолжи да нуди бензински и дизел мотори) заснован на CMP, позициониран во C-сегментот, заменувајќи го C4 и C4 Cactus, кој треба да биде претставен во наредните недели. Не е јасно по кој пат ќе оди Opel (Vauxhall) Astra во својата следна генерација.

Ан-Лиз Ричард, исто така, признава дека „има простор за помали автомобили (модели од А-сегментот) кои треба да се електрифицираат“, но вели дека сè уште не е донесена одлуката за создавање нов Peugeot 108, признавајќи дека ќе „навистина е тешко да се одреди вистинската рамнотежа помеѓу досегот и цената“.

Peugeot размислува да понуди поевтина верзија на е-208, но Ан-Лиз Ричард вели дека компанијата верува дека „клиентите треба да бидат убедени дека имаат доволно избор, а ние сакаме да одиме со автономија која може да ја отстрани бариерата кај клиентите за набавка на електричен автомобил“.