Корејскиот производител успеал да ги исполни новите еко-стандарди во Европа

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавурис се покажа како корисна за корејскиот производител Kia, кој значително ги подобрил еколошките перформанси на своите мотори во споредба со конкурентите. Ова го открива извршниот директор на компанија за Европа – Емилио Херера.

„Кризните услови не влијаеја врз продуктивноста на вработените во нашата компанија. Додека производството беше стопирано или намалено, нашиот оддел за дизајн беше во можност да создаде нови мотори кои ги исполнуваат новите строги барања за штетни емисии на CO2 во Европа“, вели Херера.

И покрај тоа, продажбата на марката на европскиот пазар има пад, иако помал од оној конкурентите, и тешко ќе се врати на претходните нивоа. Херера се надева дека европските купувачи ќе го следат примерот на оние во Кина, давајќи му предност на приватниот превоз над јавниот превоз. Така, побарувачката за нови модели ќе се врати на нивото пред кризата.

Во блиска иднина компанијата планира активно да се потпира на развој на електричниот погон. Уште во втората половина на тековната деценија, Kia се надева дека ќе воведе електрични верзии на сите свои модели. Сепак, како што велат одд компанијата, зголемувањето на продажбата на електрични автомобили може да се случи само со помош на властите во европските земји.