Прогласени победниците на 2020 North American Car, SUV And Truck Of The Year
По последната рунда на гласање, жирито составено од 50 членови ги објави победниците на изборот за Автомобил, SUV и камионет на годината на Северна Америка за 2020
Освојувач на наградата „Автомобил на годината“ по трет пат, по 1998 и 2014 година, е новата генерација на Chevrolet Corvette Stingray. Преставникот на Chevrolet со гласовите на жирито е пред Toyota Supra и Hyundai Sonata.
Големиот победник во категоријата SUV на годината е Kia Telluride. SUV предводникот на корејската компанија победата ја однел во конкуренција на, Hyundai Palisade и Lincoln Aviator.
Последниот трофеј, секако не и најмалку важен, камионет или пикап на годината е за Jeep Gladiator. Одличен пикап кој според гласовите на жирито се покажал како најдобар во последниот круг од гласањето во конкуренција на RAM Heavy Duty и Ford Ranger.