Некои држави имаат донесено закон со кој возачите се обврзуваат да го исклучат моторот кога возилото не е во движење бидејќи тоа е знак за крадците дека возилото е празно и „слободно“ за кражба

Ќе признаете, многумина во текот на ладните зимски утра оставаат моторот на нивното возило да работи, барем неколку минути, пред да се придвижат со цел возилото да се загрее. Но, оваа постапка многумина може да ги чини многу повеќе од прекршочна казна. Крадците демнат токму вакви ситуации, доаѓаат до автомобил, влегуваат и непречено го одвезуваат.

Повеќе од десет проценти од украдените возила низ Соединетите држави се поради оставен клуч во брава или клуч за стартување на моторот, пренесува Fox News.

Само мал број автомобили имаат систем за далечинско поставување на температурата. Додека оваа погодност не стане стандардна, избегнувајте да го стартувате моторот додека не сте во возилото.

Еве три совети кои ќе ви помогнат да избегнете „губење“ на автомобилот:

  • Заклучете го автомобилот по возењето, земете ги клучевите и активирајте го алармот.
  • Осигурете се дека вратата на гаражата е затворена. Оставањето на отворена врата или клуч во бравата на крадците им дава можност да се приближат до возилото.
  • Никогаш не го оставајте возилото додека работи моторот. Ова особено се однесува за ситуации на паркинг или кога излегувате нешто да купите.
Loading...