Настанот под името „Најголемата ноќ во мотоспортот“ ги собра најзначајните имиња и ѕвезди од различните авто-мото тркачки серии

Во своето 36-то издание, на црвениот килим се појавија личности како Жан Тод (претседател на FIA), Чејс Кери (првиот човек на Formula 1) и Алехандра Агага (првиот човек на Formula Е). На нив им се придружи Тото Волф, еден од најуспешните тимски шефови, кој го предводеше Mercedes во пет последователни триумфални сезони. Покрај повеќе од 1.000 познати личности во Лондон се најдоа и бројни легенди од Мика Хакинен да Џеки Икс, но, исто така и млади таленти како Чарлс Леклерк и Пјер Гасли.

Хит на ноќта беше доделувањето на овогодинешната McLaren Autosport BRDC награда. Досегашни добитници се 27 возачи кои подоцна се докажале со освојување титули во различни првенства, а двајца штитеници ќе се најдат на патеката во Мелбурн следната година за прв пат, нагласувајќи го значењето и потенцијалот на ова признание на патот до Formula 1.

Новиот сопственик на оваа престижна награда е Том Гембл. Најпрестижниот млад возач во светот им се приклучи на два претходните освојувачи, Ландо Норис, кој доаѓа на местото на Фернандо Алонсо во McLaren и Џорџ Расел, кој ќе биде тимски колега со Роберт Кубица во Williams F1 тимот.

Ова се победниците според читателите на Autosport:

Мотоциклист на годината – Марк Маркез

Меѓународен тркачки возач на годината – Луис Хамилтон

British Competition возач на годината – Луис Хамилтон

Рели автомобил на годината – Ford Fiesta WRC

Richard Mille дебитант на годината – Чарлс Леклерк

Рели возач на годината – Себастијан Ожие

Национален возач на годината – Ден Тиктум

Тркачки автомобил на годината – Mercedes-AMG F1 EQ Power+

Други награди:

McLaren Autosport млад возач на годината – Том Гембл

Благодарност за иновации и пионерски решенија – Овен Хини

Gregor Grant награда – FIA за HALO (ореол) системот за заштита на возачите

Gregor Grant признание – Мика Хакинен

Gregor Grant признание – Џеки Икс

Џон Болстер признание – Тото Волф

Видео од настанот на следниот линк.

Loading...