Суперлуксузниот имот се наоѓа во Флорида

Суперлуксузниот пентхаус се наоѓа на 47-тиот кат од подеднакво престижната зграда лоцирана во Sunny Isles Beach северно од Мајами. Mansions at Acqualina се наоѓа на самиот брег на океанот, а наведениот стан од околу 950 метри квадратни е толку луксузен што има свое име – Palazzo Del Cielo.

Добра вест е дека купувачот кој ќе го избере овој недвижен имот, добива и луксузни возила. И тоа не едно, туку две. Не само што на подарок ќе добие Rolls Royce Cullinan, првиот супер-луксузен SUV, туку во гаражата ќе го чека и Lamborghini Aventador. Возилата се вредни вкупно 750.000 американски долари.

„Единствениот проблем“ би можел да биде цената на недвижниот имот од околу 38 милиони долари.