Поранешна jугословенска гордост на автомобилската индустрија на Запад често беше (не)оправдано карактеризирана како најлош или еден од најлошите автомобили на сите времиња, но дали е тоа навистина така?

Со цел да се убедат себе си и без предрасуди во карактеристиките на Yugo, новинарите на американскиот автомобилски веб сајт Jalopnik тестирале примерок од овој модел кој им го позајмил нивни колега.

Тие се обиделе да направат пообјективна проценка на автомобилот, и покрај негативната репутација на Yugo во американската јавност. Тие истакнуваат некои од неговите позитивни страни – како што се дизајнот и искористеноста на просторот во салонот, а приговорите отат на сметка на лошиот избор на материјали и бои.

Како уште еден важен детал за лошата слика на Yugo во Америка, новинарот на Jalopnik истакнува дека сопствениците на овој автомобил, поради неговата ниска цена, генерално, не воделе доволно грижа на своето возило и често го занемарувале моментот дека секој автомобил треба редовно да се сервисира.

Згора на се, тестираниот автомобил е стар три децении.

Заклучокот е дека автомобилот не е ништо посебно, но сепак не е ни најлошиот автомобил во историјата.