Продажбата на нови автомобили во Европа за ноември на најниско ниво по 1993 година!
Продажбата во ноември е најлоша откако ACEA ги следи продажните бројки (1993 година). Глобалниот недостиг на полупроводници и другите проблеми со синџирот на снабдување ги намалија испораките на автомобили на глобално ниво. Многу производители на автомобили имаат паркинзи полни со готови автомобили кои не можат да ги испорачаат бидејќи немаат инсталирано клучни функции, односно чипови
Во ноември, регистрациите на нови патнички автомобили во Европската унија бележат пад петти последователен месец оваа година (-20,5%) или вкупно 713.346 продадени единици.
Гледано историски овој резултат е најлошиот по ноември 1993 година. (-12,3%). Франција бележи поскромен пад од 3,2%, а Бугарија, Ирска и Словенија биле единствените пазари во ЕУ кои забележале раст.
Три од четирите најголеми пазари на ЕУ на годишно ниво сè уште имаат позитивен резултат, споредено со истиот период (јануари до ноември) минатата година: Италија (+8,6%), Шпанија (+3,8%) и Франција (+2,5%). Во Германија, пак, регистрациите на нови автомобили дополнително ослабени (-8,1%) во споредба со пред една година.
Кога станува збор за автомобилските компании, малку се оние кои месецот го завршиле во позитива.
Volkswagen Group иако забележал пад на регистрациите за 33,7 %, е лидер пред групацијата Stellantis и Renault Group. Гледано по производители продажбата на VW е намалена за -38,8 %, Audi -34,9 %, Skoda -28,6 % и Seat -27,2 %. Porsche е единствениот во позитива за ноември (+2,7 %).
Во Stellantis, вториот по големина европски производител на автомобили, регистрациите паднале за -23,5 %. Сите производители во рамките на групацијата имаат негативен резултат за ноември. Најголем пад има Alfa Romeo (-37,4 %), по што следуваат Jeep (-36,7 %), Opel/Vauxhall (-28,4 %), Fiat (-26,8 %), Lancia/Chrysler (-23,9 %) и Peugeot (-22,8 %). Најмалл пад има Citroen (-9,5 %).
Регистрациите на Renault Group паднаle за -12,9 %, односно Renault забележал негатива од -22,3 %, а Dacia пораст од 4,2 %.
Извор: The European Automobile Manufacturers’ Association (ACEA)