Во првиот квартал од годината продажбата на електрични возила во Франција, за прв пат, е поголема од онаа на бензинците, што е голема пресвртница за возилата со помали емисии, а причина за тоа, меѓудругото, се и високата цена на бензинот на пумпите како и владините субвенции за електрифицирани модели

Сепак, вкупната продажба на нови автомобили во Франција во првиот квартал паднала за 17,3 отсто или речиси 20 отсто пад во март што е пак десетти последователен месец во пад. Причината е добро позната – индустрија е во големи проблеми поради тесните грла во синџирот на снабдување и глобалниот недостиг на полупроводници и чипови, пренесува Reuters.

Продажбата на целосно електрични и хибридни модели изнесува речиси 40 отсто од вкупната продажба на нови автомобили, во споредба со 38,3 отсто удел на конвенционалните бензински модели, според податоците од индустријата објавени на порталот Platform automobil (PFA).

Ако на бензинците ќе се додаде и уделот на дизел моторите од 16,5 отсто во вкупната продажба во првиот квартал, тогш моделите со мотори со внатрешно согорување сепак се и понатаму мнозинство.

Најпродаван автомобил во Франција во март бил Tesla Model 3, по што следуваат Dacia Spring на Renault и Peugeot 208 на Stelantis.