Со електричните возила, важно е да се извлече секој километар од батериите и да се оптимизираат сите системи, од кои еден е аеродинамиката. 

Porsche се обидува да го намали отпорот на воздухот (CD коефициент) со вибрирање на делови од телото. Професорот Андреас Вагнер, раководител на одделот за автомобилско инженерство на Универзитетот во Штутгарт, вели:

„Проверуваме дали е можно да се намали вредноста на Cd на одредени точки од каросеријата со систематско воведување вибрации. Ако внесете дефиниран пулс во протокот околу автомобилот користејќи ги звучниците, тоа може да влијае на нивниот отпор на воздухот.

Системот се состои од серија звучници кои распоредени во клучните точки на автомобилот можат со своите вибрации да влијаат на интеракцијата на возилото со надворешниот воздух, што би значело поголема ефикасност и зголемување на автономијата на електричниот автомобил“.

Технологијата е сè уште во многу рана фаза на развој и мора да го направи својот пат до производствени модели. Од Porsche нагласуваat дека употребата на звучници не смее да го попречува комфорот на патниците, звукот и вибрациите не смеат да се филтрираат во патничкиот простор.

Производителот работи и на други начини за оптимизирање на користењето на енергијата во возилата, а еден од најважните е активната аеродинамика. Во електричните возила се создава многу помалку топлина, па не е потрбно да се троши. Поточно кажано, не е потребен голем проток на воздух за ладење на компонентите. Така, протокот на воздух може да се оптимизира со помош на мобилни делови, спојлери што се повлекуваат или активна суспензија за да се намали висината на возилото при големи брзини.