Porsche Cayenne Turbo, Range Rover Sport SRV или Mercedes-AMG G 63? / ВИДЕО
Интересна трка – како на асфалт, така и на тревната површина
Британското издание Carwow организирал уште една интересна трка. На асфалтна патека долга 402 метри (четврт милја) силите ги мерат Porsche Cayenne Turbo и Range Rover Sport SRV (402 метри). Потоа, двата „набилдани“ кросовери истото го прават и на тревната површина но овде им се придружува и Mercedes-AMG G 63.
Генерално, техничките спецификации на овие 3 извонредни машини не се толку различни. Под капакот на новиот Porsche Cayenne Turbo се наоѓа 4.0-литарски V8 со два турбополначи, развивајќи 550 КС и 770 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4,1 секунди.
Од друга страна Range Rover Sport SVR се потпира на 5.0-литарски V8 со компресор, а излезната моќност е 575 КС и 700 Nm, додека забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4,5 секунди.
Третиот учесник, Mercedes-AMG G 63, е опремен со 4.0-литарски V8 со моќност од 585 КС и 850 Nm вртежен момент, обезбедувајќи забрзување од 0 до 100 km/h за 4,5 секунди. Максималната брзина е 220 km/h.