По само една година Opel Crossland X продаден во 100.000 примероци
Новиот Opel подкомпактен кросовер го доби својот 100-илјадити сопственик во Европа по само една година на продажба
Crossland X, како прв заеднички проект остварен во соработката на PSA Group и Opel, започнат во 2012 година, дебитираше на Саемот за автомобили во Женева во 2017 година, наследувајќи ја Meriva во гамата на германскиот производител.
Овој модел го дели ја механичката платформа со Citroen C3 Aircross, а двете возила се произведуваат во фабриката во Сарагоса.
Crossland X нуди широк спектар на системи за асистенција, како што се систем за предупредување на возачот за поспаност и несакано напуштање на лентата на движење, потоа предупредување за опасност од фронтален судир со детекција на пешаци и автоматско сопирање во случај на крајна нужда, откривање на други автомобили во „мртвиот агол“, а тука е и задната камера која покрива 180 степени зад возилото.
Што се однесува до погонот, на располагање е гама на дизел, бензински и TNG мотори, со волумен од 1.2 до 1.6-литри, со моќност од 55 kW / 75 КС до 96 kW / 130 КС, во комбинација со мануелен пет или шест брзински менувач или шест степен автоматски менувач.
За разлика од моделот Opel Mokka X (сличен по големина), кој има погон на сите 4 тркала, Crossland X може да се нарача само во верзија со погон на предните тркала.