Автомобилот е опремен со новиот 1.5 бензински мотор со технологија за деактивација на цилиндри (ATC), која дополнително ја намалува потрошувачката на гориво

Volkswagen тврди дека новата верзија на Golf, 1.5 TSI ACT Bluemotion е економична како и соодветниот Golf со дизел мотор, a чини помалку.

Автомобилот како погонски агрегат користи 4-цилиндерски 1.5-литарски турбо бензински мотор со 130 коњски сили, кој беше претставен во 2017 година. Моторот е опремен со ACT (Active Cylinder Technology) технологија која овозможува деактивирање на 2 од 4 цилиндри во возење, што ја намалува потрошувачката на гориво.

Исто така, новиот мотор има опција eco-coasting, која овозможува истиот автоматски да се исклучи при возење со брзина до 130 km/h, кога возачот ја крева ногата од педалата за гас.

Ова остварува дополнителна заштеда на гориво, а оваа функција е достапна само во верзијата со опционален 7-степен автоматски менувач со двојна спојка (DSG).

Додека моторот е исклучен, сите електрични системи на возилото продолжуваат да функционираат нормално, благодарение на дополнителната литиум-јонска батерија која обезбедува енергија за напојување.

Од Volkswagen тврдат дека благодарение на eco-coasting режимот се заштедува 0,4 l/ 100 km.

Според фабричките податоци, VW Golf 1.5 TSI ACT Bluemotion со DSG менувач во комбиниран режим на возење просечно троши 4,8 l / 100 km и 4,0 l / 100 km на отворен пат.

Volkswagen овој погонски агрегат ќе го понуди во неколку од своите модели, а во Европа веќе е достапен за Golf во варијантите hatcback и estate.