Класично купе во Пининфарина стил оживеано во 21-от век во форма на посакуван концепт

Со историја од 120 години, Peugeot е еден од најстарите играчи во автомобилската индустрија, но и создавач на некои од најубавите автомобили во историјата

На крајот од 1960-тите, компанијата ги здружила силите со Pininfarina за да го создаде прекрасното 504 Coupe. Сега, Французите се подготвени на светот да му го престават современиот еквивалент во форма на e-Legend.

Концептот ќе дебитира на Париз мотор шоу во октомври, комбинирајќи го минатото и иднината, а во исто време најавувајќи ги плановите на Peugeot за одвоени, чисто електрични модели со напреден систем за автономно возење.

Атрактивните тркала од 19 инчи не само што изгледаат убаво туку и имаат дополнителна намена, бидејќи предните единици имаат вградени воздушни процепи кои ја подобруваат циркулацијата на воздухот. Дел од црната рамка на дното од задниот столб не е исклучително елемент кој асоцира на 504 Coupe, туку содржи екран кој покажува персонализиран поздрав, како и ниво на наполнетост на батеријата.

Што се однесува до ентериерот, ретро темата продолжува, така да e-Legend донесува минималистички стил, кој е варијација на тема внатрешност од минатото. Конвенционалните контролни единици се заменети со 6-инчен екран на допир и ротирачки селектор, додека од левата страна на воланот се наоѓа лента чувствителна на допир за прилагодување на различни команди и конфигурација на режимот на возење.

Концептот на Peugeot е вистински „фестивал на технологија“ со екрани од 29-инчи во вратите и 12-инчни дисплеи вградени во штитниците за сонце. Тука е и масивниот заоблен дисплеј со дијагонала од 49 инчи, заедно со дополнителните екрани расфрлени низ целиот салон. Севкупно, e-Legend има 16 екрани со различни големини.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Peugeot инсталирал масивна батерија од 100 kWh во автомобилот, која обезбедува автономија од 600 километри според WLTP циклусот. На кој му се брза, за полнење на батеријата за возење до 500 километри, потребни се само 25 минути.

Концептот има 340 kW и 800 Nm. До стотка стигнува за помалку од четири секунди, додека максималната брзина е 220 km/h.

Сериска верзија базирана на 508 би била „електричен сон“, што веројатно нема да се случи, бидејќи ова, за жал, е само дизајнерско-технолошка демонстрација на Peugeot.

Loading...