Престижниот шведски бренд добива нов дом во Македонија

Новиот застапник е наследник на компанијата Премиум Ауто Зентрум која од сега па натака ќе функционира под името Премиум АГС.

Автомобилите на Volvo се веќе достапни во салонот лоциран на ул. Перо Наков бр.25, а на прес-конференцијата која се одржа во петокот, менаџерскиот тим не запозна со краткорочните и долгорочните планови на АГС Групата, чија членка е Премиум АГС. Она што е значајно е што за првпат се запознаваме со новиот Volvo V60, но во салонот гордо „позираат“ и добропознатите модели од линијата XC (XC40, XC60 и XC90), S90 и V40.

Сервисниот центар на Премиум АГС со ова е и нов овластен сервисер на Volvo за Македонија, а она што е значајно да се потенцира е дека во изградба е сосема нов салон за Volvo кој ќе биде опремен според најновите Volvo стандарди. Новиот салон се очекува да биде пуштен во употреба во средината на март, 2019 година.

Секој кој е заинтересиран да се запознае со гамата на Volvo како и напредните технолошки решенија имплементирани во најновите модели на шведскиот производител, топло препорачуваме да го посети салонот на Премиум АГС.