Перез во Alfa Romeo, Фетел во Aston martin, Кими во пензија
Aston Martin му понудил договор на Фетел за 2021 година, додека Alfa Romeo е заинтересиран да го донесе Перез како замена за Раиконен, кој најверојатно ќе замине во пензија
Ситуацијата околу заминувањето на Фетел од Ferrari целосно ги измеша картите кога станува збор за возачките постави на F1 тимовите. Бидејќи се пополнети местата во поголемите екипи, неодамна се појави информација дека Германецот би можел да се пресели во Aston Мartin (Racing Point). Бидејќи сопственик на тимот е татко на Ленс Строл, логичен потег би било тој да остане во тимот, додека Перез би го отстапил местото на Фетел. Самиот Мексиканец во неодамнешното интервју призна дека е пореално да замине отколку да остане во имот на Строл.
„И Перез и Ленс Строл имаат договори до крајот на 2021 година, но моите извори ми кажуваат дека на Фетел му бил понуден договор за следната година. Исто така, Aston Мartin му дал можност да не брза со одлуката, да размисли добро и потоа да им ја соопшти неговата одлука. Ако прифати, вишок сигурно би бил Перез, и покрај неговите резултати, но и неговата лојалност кон тимот сите овие години. Мексиканецот е многу почитуван и од другите тимови, па не е изненадување што некои од нив веќе разговарале со него“, вели Лоренс Барето, официјален колумнист на сајтот на Formula 1.
Тој верува дека Кими Раиконен, кој наполни 41 година во октомври, ќе го објави своето пензионирање на крајот od сезоната, што ќе ја отвори вратата за Перез да се врати во околината во која ја започна својата F1 кариера.
Финецот и претходно изјави дека 2020 година може да биде неговата последна сезона во Formula 1.
„Alfa Romeo, поранешниот Sauber, е познат терен за Перез. Едно место е секако резервирано за Џовинаци, кој е возач од возачката академија на Ferrari, додека Кими, најверојатно, ќе замине во пензија. Сепак, Alfa Romeo оваа година се мачи, па прашање е зошто Перез би сакал да оди таму? На Alfa дефинитивно би и одговарал, затоа што е познат како некој кој дава повратни информации со највисок квалитет за болидот. Перез сè уште лобира да остане во Aston Martin, особено затоа што тимот веќе сега има одличен болид, додава Барето.