Финалниот меч од сезоната во американската NFL лигa или популарниот Super Bowl, е познат не само по спортките возбудувања туку и како настан на кој големите компании не прашуваат за цена само за да го изрекламираат својот производ

За тоа одамна се свесни во автомобилската индустрија, па затоа на секој Super Bowl голем број производители се претставуваат со привлечни реклами на своите автомобили.

Еден од оние редовните е американскиот Chrysler, а така ќе биде и престојниот викенд во Атланта кога Fiat Chrysler Automobili ќе ја промовираат речиси целата своја гама.

FCA има закупено простор за три свои брендови – Dodge, Jeep и Ram, иако цената за 30 секунди реклама на Super Bowl изнесува дури 5 милиони долари.

Во прилог рекламните пораки од FCA, а во главните улоги се Dodge Charger, Durango SRT, Jeep Gladiator, Ram 3500.

https://youtu.be/Jb9WQmyV1y8

https://youtu.be/Naq2yFTwA_c

https://youtu.be/aMh_AIs27Ks