И покрај дизел скандалот и хајката против дизелот, во 2018 година, германскиот Volkswagen минатата година речиси двојно ја зголемил продажбата на автомобили со овој тип на мотор, кога станува збор за физички лица

Volkswagen многу брзо по аферата се фокусираше на развој на цело семејство на електрични автомобили, но тоа не значеше и откажување од старите „добри“ дизел.

Се покажа дека оваа докажана технологија, со добри перформанси на возилата и ниска потрошувачка, продолжува да привлекува голем број клиенти на германскиот пазар.

Така, минатата година на германскиот пазарот Volkswagen продал речиси двојно повеќе дизели споредено со претходната година (во оваа статистика не се вклучени возила од флотната продажба. Ако се вкалкулира и оваа продажба, тогаш Volkswagen има раст на дизел испораките во Германија од 4 отсто или удел од 43 отсто во продажбата.

„Дизел технологијата е многу важна за нас и ќе биде многу застапена и во годините што доаѓаат, особено во возилата кои поминуваат долги релации“, вели Јирген Стакман, член на Управниот одбор на Volkswagen одговорен за продажбата на автомобили на марката.

Последната генерација на Volkswagen дизел моторите се карактеризира со намалена емисија на јаглерод диоксид, така што овие автомобили емитуваат до 15% помалку CO2 во однос на бензинците со слична големина.

Германскиот производител тврди дека новата генерација на нивните дизел мотори емитира околу 10g CO2 помалку по поминат километар, во споредба со претходната.

Во 2018 година Volkswagen продаl вкупно 6.244.900 автомобили со сите видови погон, со раст од 0.2% на годишно ниво. Другите брендови во VW групата, како Audi, Škoda и Seat, испорачале 1.812.500, 1.253.700 и 517.600 автомобили.