Паѓа довербата во Tesla Model 3
Американската организација на потрошувачи Соnѕumеr Rероrtѕ, извади шест модели од листата на автомобили кои тие ги препорачуваат за купување
Меѓу нив е Tesla Model 3, кој минатата година тешко успеа да влезе во листата, за сега повторно да биде надвор од неа.
Причина се поплаките на клиентите кои посочуваат и на конкретни проблеми со ценовно најприфатливиот модел на Tesla. Меѓу нив се инфо-забавниот систем, навигацијата, електронски системи и бојата на електричниот седан. Згора на се, на тестниот автомобил закупен од страна на Consumer Reports, се појавила пукнатина на задното стакло, што е забележано како слабост.
Tesla Model 3 и претходно имаше проблеми со сигурноста, а на листата на Consumer Reports влезе дури откако го намали патот на сопирање. Освен електромобилот на Tesla, довербата на организацијата на потрошувачи ја изгубиле уште пет модели – Сhrуѕlеr 300, Dоdgе Сhаrgеr, Асurа RDХ, ВМW 5 Ѕеrіеѕ и Vоlkѕwаgеn Тіguаn. Сите тие имаат пад кога станува збор за довербата во нив од страна на потрошувачите, што соодветно и им го намалува рејтингот.
Интересно е што истиот проблем како Model 3 го имаат и другите две електрични возила на Tesla. Седанот Model S отпадна од листата на препорачани модели од Consumer Reports уште минатата година, додека кросоверот Model X воопшто и не успеа да влезе на оваа листа, најмногу поради системот на отворање на вратите, кои според корисниците создаваат само проблем.