Една британска студија ги утврдиле критичните 10 минути од денот

Осигурителна компанија од Велика Британија со помош на телематски системи анализирала податоци од над 18.000 сообраќајни инциденти кои се случиле во октомври или ноември во текот на 5 години. Така е утврдено и времето во кое се случиле најголемиот број од сообраќајни инциденти.

Според анализата, околу 20% од несреќите се случиле помеѓу 16 и 18 часот, а 14,46% од нив се регистрирани во период од 17 до 17.10 часот. Токму тоа е времето во кое повеќето британски службеници ги напуштаат своите канцеларии. Вториот најопасен период од денот е 14 до 16 часот со пик од 15 до 15.10 часот.

Кои форми на ициденти се најчести? Во 34,25% од случаите едното превозно средство се удира во задниот дел на друго, а 12,88% се должат на налетување на еден автомобил на друг. Во 7,79% од случаите колата се удрила во паркирната машина, а 6,77% инциденти се поради менување на лентата на возење.

Ако се споредат податоците од 2012 до 2017 година, се чини дека во ноември бројот на несреќи се зголемил за 12% во споредба со октомври. Во периодот помеѓу 17-20 часот ситуацијата на патиштата е уште посложена, бидејќи бројот на несреќи скока на 29% (во ноември денот е пократок и луѓето веројатно психички не можат да се приспособат).

Најчести учесници во несреќите се млади луѓе, со просечна возраст од 23 години.

Генерално, инцидентите во текот на ноќта се повеќе од оние во текот на денот.