Ова се победниците од изборот за „Интернационален мотор на годината 2018“ / ФОТО
Погонскиот агрегат F154CB е освојувач на две „тројни круни“, бидејќи е шампион и за 2016 и за минатата година, а во 2018 година е на прво место во три класи
Станува збор за 3.9-литарска twin-turbo V8 единица, која може да се најде под хаубата на 488 GTB, 488 Spider и 488 Pista.
Италијанскиот бисер генерирал 486 поени победувајќи во трката со 6-цилиндерскиот 3.0 турбо боксер од моделот 911 (198 поени), и „големиот брат“ во форма на V12 мотор со 6,5 литри (158 поени) од моделот 812 Superfast.
F154CB e освоjувач на титулата и во класата на перформантни мотори, како и во класата 3.0-4.0 литри работен волумен. Единицата F140 GA од Superfast на момците од Маранело им ја носи и петтата титула, бидејќи V12 aагрегатот во класата на 4.0-литарски единици е победник во „битката“ со 4.4-литарскиот twin-turbo V8 мотор од М моделите.
Како и претходно, наградите се доделени во 13 категории, а во преостанатите девет победници доаѓаат од различни произведувачи. VW е победник во класа под 1.0-литри волумен, а во категоријата 1.0-1.4-литри, титулата е за 1.2-литарскиот три-цилиндерски агрегат од групата PSA. Во класата 1.4-1.8-литри пред сите е победникот од 2015 година, 1.5-литарскиот 3-цилиндерски турбо хибриден агрегат на BMW од i8.
Porsche е најдобар во класата 1.8-2.0-литарски турбо единици од 718 Boxster и Cayman, додека 2.5-литарскиot претставник на Audi od RS3, RS QQ3 и TT RS, е победник во класата 2.0-2.5-литри работен волумен. Трилитарскиот турбо боксер од 911 е најдобар во категоријата 2.5-3.0 литри работен волумен.