Ова се некои од најскапите доплати при купување автомобили / ВИДЕО
Ако сте помислиле дека доплатата за навигација е безобразно скапа, кај некои модели само една доплата може да биде поскапа од вкупната цена на просечен автомобил
Таков е примерот до Bentley, каде доплатите се можеби најбезобразни. На пример, ако веќе имате толку многу за да купите Bentayga, треба да знаете дека може да потрошите уште толку за дополнителна опрема. На пример, пикник сет кој совршено одговара на багажниот простор на скапиот SUV чини околу 30.000 евра. И тоа не е ништо ако споредите до часовникот на Breitling, за што ќе потрошите околу 160.000 евра.
Доколку сакате отворен поглед на карбонските делови, а размислувате да купите Bugatti или Ferrari, знајте дека ова искуство ќе ве чини околу 10% од цената на автомобилот. Во случајот со Bugatti, износот оди до неверојатни 300.000 американски долари. На пример, истата работа кај Pagani ќе ја платите двојно помалку.
Уште еден пример за вистиско „мало“ богатство за опција е Porsche, кој за моделот Spyder 918 во понуда има специјална нијанса на „течен метал“. Во споредба со претходно споменатите доплати, оваа цена е „ситница“. Само околу 60.000 евра.