Електричните автомобили се на врвот на технолошкиот развој, но дали тоа ги прави повеќе или помалку склони кон грешки и кои се моделите со најмногу и најмалку проблеми?

Електричните автомобили сè уште се релативно нови во автомобилската индустрија, па оттаму и „стравот“ кај поголемиот дел од купувачите по прашање на технологијата и генерално доверливоста во овие возила. За среќа, одговорот генерално се чини дека е „да“, при што сопствениците на повеќето модели ги оценуваат многу високо во Истражувањето за доверливост од 2021 година (2021 Reliability Survey) на британскиот What Car?

Експертите анкетирале 16.000 сопственици на електрични возила со цел да откријат со какви проблеми се соочиле во првите 12 месеци од користењето на нивните автомобили. Одговорите на сопствениците биле поделени во различни категории, а потоа се оформила општа оценка за секој сегмент  Дополнително, посебно се формирани и индикатори за секој различен модел вклучен во рангирањето.

Постигнатиот просечен резултат е 92,9%, а резултатите се следни: 

Првото место го освоил Nissan Leaf, кој добил оцена 98,6% од експертите. Но, ова важи само за автомобилите произведени во периодот 2011-2018. Моделот лансиран во 2019 година добил само 89,7% поради проблеми со електричниот систем, суспензијата и сопирачките.

Второто место е за MG ZS (2019-) кој добил оцена 96,5%. На третото место е Kia e-Niro со 95,8% (2019-), а на четвртото е BMW i3 со резултат од 94,1% (2013-). Топ 5 се затвора со Tesla Model 3 (2019-) со резултат од 93,3%.

Интересно, но најлош резултат има Jaguar I-Pace – 86,3%. Сопствениците на овој модел пријавиле проблеми со батеријата, сателитската навигација и електричниот систем.