Ова се автомобилите кои се омилена мета на крадците во Германија!
Минатата година во Германија биле украдени 10.697 автомобили, а вкупната штета изнесува околу 214 милиони евра
Крадците на автомобили во Германија стануваат многу пребирливи. Дури седум од десет украдени автомобили припаѓаат на премиум SUV сегментот, а иако во 2020 година биле украдени помалку автомобили од претходната година, вкупната штета се проценува на околу 214 милиони евра.
Според извештајот на Здружението на германската осигурителна индустрија (GDV), минатата година биле пријавени 10.697 украдени автомобили со сеопфатно осигурување, што е значително помалку од претходната година (14.229). Осигурителните компании во просек плаќале над 20.000 евра за покривање на штетата.
- Деветтото и десеттото место меѓу најчестите цели на крадците со стапка од 3,4 украдени автомобили на 1000 осигурени единици ги делат BMW X5 и Hyundai Santa Fe.
- На осмото место е Porsche 911 (3,5 украдени единици на 1.000 осигуреници) со просечна цена на штета од 52.794 евра.
- На седмото место изненадување, Toyota Prius (3,9/1000), за кој сопствениците барале во просек 19.770 евра.
- Петтото место го делат Lexus NX и Toyota Land Cruiser (4,3 / 1.000) со просечни 28.718 евра и 38.794 евра, соодветно.
- Четвртиот, воедно и најскап автомобил на листата е Range Rover (5,9/1000) со просечни 60.067 евра отштета по единица од осигурителните компании.
- Третото место е за Kia Stinger (6,7 / 1.000) со просечни 31.738 евра, а второто место е за BMW X6 (9.0 / 1.000) со 45.408 евра.
- Апсолутен крал на озлогласената листа е Range Rover Velar со стапка од 15,5 украдени на 1.000 осигурени примероци и просечна цена на отштета од 52.158 евра.
Најбараниот автомобилски бренд меѓу крадците е Land Rover со сооднос од 1,9 украдени единици на 1.000 осигуреници. Второто место е за Porsche (1.0 / 1.000), по што следат Mazda (0.7 / 1.000), Mitsubishi (0.5 / 1.000) и Toyota и Lexus (0.5 / 1.000), соодветно.