Отповик за првиот електричен Audi! Mоже да се запали
Како што пишуваат бројни светски медиуми, Audi e-Tron, кој во Америка се продава по цена од околу 75.000 долари, доби отповик
Станува збор за доброволно повлекување со кое Audi ги повикува сите сопственици на вонреден сервис, поради можност од запалување на батеријата како последица на грешка во жичното поврзување.
Сепак, не е така лошо како што изгледа на прв поглед. Не станува збор за стотици илјади автомобили, туку Audi ќе отповика само 540 примероци, што е половина продажба на американскиот пазар во април. Втората добра вест за компанијата е дека нема ниту еден единствен случај на појава на пожар кај првиот електричен модел од Audi. Компанијата за Bloomberg потврди дека досега имало вкупно пет случаи на глобално ниво при што се појавила предупредувачка сјаличка за проблем со батеријата. Причина за тоа е пенетрација на вода, односно појава на влага на жиците.
Отповикот се темпира за август, а во меѓувреме Audi не планира да ја запре или забави продажбата, објави CNET.
Во слична ситуација се најде и Jaguar, а отповикот се однесува на електричниот I-Pace. На вонреден сервис мора да се упатат околу 3000 примероци продадени на пазарот во САД поради проблеми со системот за регенеративо сопирање.
Со сè поголемиот број електрични возила на патиштата, има сè повеќе случаи на самозапалување. Сепак, сите студии покажуваат дека бројката е иста како и кај класичните автомобили со фосилни горива.