Третиот ред само за пониски од 168 cm, за Европа и 2 дизел мотори

По првите детали и фотографии од моделот GLB, Mercedes објави и други спецификации за ова возило.

SUV моделот има димензии од (должина / ширина / висина) 4,634 / 1.834 / 1.658 mm (во верзијата со 7 седишта висината е 1.662 mm), додека меѓуосовинското растојание е 2,829 mm, што е околу 10 cm повеќе отколку кај MPV моделот, Mercedes B-Class.

Германскиот производител вели дека висината (од седиштето до покривот) во ниво на глава, во салонот е 1.035 mm, а со максимум 967 милиметри простор за нозете позади (во верзија со два реда на седишта), GLB е „исклучително комфорно возило со 5 седишта“. Во верзијата со 7 седишта (дополнителен, трет ред), на последните две седишта удобно може да седат луѓе со максимална висина до 168 cm.

Кога станува збор за багажниот простор, капацитетот е 560 до 1.755 литри (за возилото со 5 седишта). Вториот ред седишта може да се движат напред и назад, додека наслонот на истите може да се прилагодува на неколку позиции. Ова овозможува просторот за багаж да се зголеми за околу 179 литри, а со тоа и негова разновидна употреба.

По онаа за САД, Mercedes ја најави и моторната гама за европскиот пазар. Во понудата, барем на почетокот, ќе бидат два бензински и два дизел мотори. Основната бензинска верзија GLB 200 ќе ја придвижува 1.33 турбо агрегат со 163 КС (120 kW) при 5.500 врт / мин и 250 Nm, достапни во опсег 1.620-4.000 врт / мин. Забрзувањето од 0-100 km/h се реализира за 9,1 секунди, а максималната брзина на возилото е 207 km/h. Моќта се пренесува исклучиво на предните тркала преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Помоќниот бензинец GLB 250 со волумен од 2.0 литри испорачува 224 КС (165 kW) при 5.800 вртежи во минута и 350 Nm при 1.800-4.000 вртежи во минута. И овој модел е достапен само со погон на предните тркала, а моторот е поврзан со 8-степен автоматски менувач со двојна спојка. Од точка А до точка Б, GLB 250 забрзува за 6,9 секунди, додека максималната брзина е 236 km/h.

Основниот дизел модел е GLB 200d, со 2-литарски 4-цилиндeрски мотор од 150 КС (110 kW) при 3.400-4.400 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 320 Nm при 1.400-2.600 вртежи во минута. Моќта се пренесува на предната оска, а од 0 до 100 km/h автомобилот пристигнува 9 секунди. Максималната брзина е 204 km/h. Mercedes GLB 200d е достапен и во 4Matic верзија или погон на сите четири тркала. Овој модел до 100 km забрзува за 9,3 секунди и развива 201 km/h.

Врв на дизел понудата е GLB 220d 4Matic со 2.0 единица од 190 КС (140 kW) при 3.800 врт / мин и 400 Nm при 1.600-2400 врт / мин. Автомобилот од 0-100 km/h забрзува за 7,6 секунди и достигнува најмногу 217 km/h.

Сите дизел мотори се поврзани со 8-степен автоматски автоматски менувач со двојна спојка.

Mercedes GLB ќе се произведува во Мексико, како и Пекинг, за потребите на кинескиот пазар, а продажбата ќе започне до крајот на годината, до кога ќе се знаат и цените.