Веројатно често сте биле во ситуација да не можете да ја тргнете нечистотијата која е закачена за тепихот на вашиот автомобил …

Повеќето нечистотии во автомобилот се собираат на подот и патосниците. Бидејќи истите се изработени од материјал кој има влакнеста текстура, нечистотијата знае да се заглави и да претставува вистинскиот кошмар за чистење. Понекогаш дури и најсилните правосмукалки не можат да ја извадат нечистотија од тепихот, но…

Сепак, постои едноставен начин што ќе ви овозможи совршено да го исчистите автомобилот со правосмукалка. Сè што треба да имате при рака е една потврда четка за ослободување на заробената нечистотија во тепихот и патосниците. Четката треба да биде што погруба и поширока за да ви овозможи брзо и ефикасно да го исчистите автомобилот.

Постојат и специјални гумени четки кои со леснотија ја ослободуваат нечистотијата, а кои можете да ги купите во подобро опремени продавници за автомобилски делови и галантерија. Ако немате таква четка, можете да користите и стара четка за четка за коса или тврд чешел, како и и четка за рибање на под. Можете да користите и фурминатори кои се користат за четкање на животните, бидејќи тие успешно ги извлекуваат остатоците од нечистотија на површината.

Кога ќе ги исчеткате подовите и патосниците, ќе видите колку лесно ќе ја усисате целата нечистотија.