Доаѓа Kuga со седум седишта

Во согласност со се поголемиот интерес за SUV возилата, американскиот производител подготвува новитети за европскиот пазар

Од година во година во Европа интересот на за SUV / кросовер автомобилите расте, така што пазарното учество на овој тип на возила во 2018 година достигна 35% од вкупната автомобилска продажба

Ford сака да направи чекор напред со овој тренд и планира да ја обнови својата SUV гама.

Најпродаваниот Ford SUV на европскиот пазар е моделот Kuga. Во 2018 година до потрошувачите во Европа се доставени 153.542 примероци. Зад овој модел е подкомпактниот EcoSport, кој стигнал до 111.856 нови сопственици во изминатата година, со раст од дури 78% во споредба со 2017 година.

Од друга страна, Ford Edge е продаден во само 9.527 примероци, со пад од 41 отсто за период од една година.

Затоа, американскиот производител има намера да го замени Edge во Европа со нова Kugа со седум седишта.

Покрај тоа, се планира и нова генерација на стандардната верзија на Ford Kuga со 5 седишта, а наследник ќе добие и EcoSport.

Покрај наведените модели, Ford го најави лансирањето на уште еден SUV, чие име не засега не се открива, така да пред нас е интересна година кога станува збор за Ford SUV автомобилите.