Toyota на претстојниот авто салон во Женева ќе претстави две нови специјални верзии на малиот автомобил, со ознаки X-Cite и X-Style

Јапонскиот производител продолжил да си игра со комбинации на бои и Х стилскиот мотив на предната решетка на Aygo, па две нови опции на овој автомобил доаѓаат во бела и портокалова нијанса на екстериерот, со контрастни детали.

Двете верзии, X-Cite и X-Style, се опремени со 15-инчни алуминиумски тркала, предни светла за магла и затемнети стакла.

Toyota Aygo X-Style е обоен во бела боја, со Orange Twist обоен подвижен платнен кров и разни портокалови делови. Шемата на бои во патничкиот простор се копира од екстериерот, со портокалови детали и декоративни елементи во Piano црна боја со висок сјај, а седиштата се делумно облечени во кожа.

Toyota Aygo X-Cite, исто така, е во комбинација од две бои – портокалова каросерија и црн покрив, а фелните, куќиштата на ретровизорите и некои детали, исто така, се црни. Портокаловата е лајт-мотив во внатрешноста на автомобилот.

Двете варијанти се стандардно опремени со климатизација, мултифункционален волан, возачко седиште кое може да се прилагоди во висина …

Опремата вклучува мултимедијален систем со 7-инчен екран на допир и Android Auto и Apple CarPlay функции за поврзување со smartphone уреди.

Системот вклучува и камера за возење наназад, а меѓу опциите е пакет за безбедност Toyota Safety Sense и безконтактно отклучување и стартување на возилото.

Под хаубата, и двете варијанти имаат 1.0-литарски бензински мотор со 72 КС (53 kW).