Иднината на Opel има електричен погон и автономно управување

Минатиот месец германскиот бренд лансираше тизер од новиот концепт, дизајниран со цел најава на идните модели на компанијата. Сега велот е целосно подигнат и доаѓа во форма на привлечен, компактен, електричен SUV купе. Неговото име е Opel GT X Experimental, а идеолошки е наследник на Monza и концептот GT.

Новиот концепт автомобил лежи на лесна архитектура и е долг само 4.063 милиметри. Тркалата се 17-инчни со цел подобрување на удобноста, иако визуелно изгледаат поголеми. Погонот секако е електричен и ја користи новата генерација на 50 kWh компактни литиум-јонски батерии со можност за индуктивно полнење.

Од Opel информираат дека GT X Experimental не претендира да понуди целосно автономно возење, туку само трето ниво на автономија. Преведено, тоа значи дека ќе ги има сите атрибути на автономно возење, со тоа што возачот мора да биде во можност да интервенира онолку колку што е потребно.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1w8A2lGjNyFy9YijML9-RZ0LItZBlmixy” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” previewinline=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Концептот го најавува и новиот дизајнерски јазик на компанијата. Логото е во центарот на настаните на предната страна, додека формата на задните светла го имитира решението применето на анфасот.

Минималистичката форма продолжува и во внатрешноста. Салонот е транспарентен, со стаклен дел кој ги вклучува шофершајбната и покривот. На таблата доминира системот за инфо-забава со голем екран и скриени вентилациони отвори, додека двата помали екрани пренесуваат слика од страничните камери, кои се поставени наместо традиционалните ретровизори.