На шпионските фотографии е видлива најмоќната верзија на овој модел – M140i


Сегашната втора генерација на 1-Series е
во продажба од 2011 година, а редизајн имаше во 2015 година

За BMW, 2018 година е значајна по бројните иновации, меѓу кои се и некои модели кои се појавуваат за прв пат во гамата на германскиот производител, како што е SUV моделот X7, чија премиера е закажана за оваа есен.

На почетокот од летото преставен беше моделот BMW 8-Series Coupe, а до крајот на август премиера ќе има и новиот Z4 родстер. Тука треба да се додаде и новата генерација на BMW 3-Series, која треба да биде претставена на Парискиот саем за автомобили во октомври.

Во прилог на толку многу нови модели, не е воопшто изненадување што следната генерација на Серија 1, чија подготовка е во полн ек, досега има помалку простор во медиумите.

Од претходно е познато дека компактниот хечбек на BMW од заден погон преоѓа на преден, благодарение на новата механичка платформа UKL која ја дели со возилата на MINI. Фокусот на новиот модел е зголемување на патничкиот простор на задните седишта и поголем багажен простор, што кај првата и втората генерација многумина го сметаат за голем минус.

Кога станува збор за најмоѓната верзија – M140i, таа, за разлика од сегашниот 6-цилиндерски погон, ќе има 4-цилиндерски 2.0-литарски мотор кој ќе испорачува 320-340 КС.

Се претпоставува дека BMW 1-Series со следната генерација ќе биде достапна само со 5-врати.

Новиот модел треба да дебитира оваа година, а еден од можните термини за светската премиера е почетокот на октомври и автосалонот во Париз.